• четврток, 26 декември 2024

Камерен концерт на пијано трио „30 прсти“ во Филхармонија

Камерен концерт на пијано трио „30 прсти“ во Филхармонија

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - Камерен концерт на пијано трио „30 прсти“ ќе се одржи вечер во Филхармонија, со почеток во 20 часот. Во Камерната сала ќе свират пијанистите Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевски.

На програмата се дела од Жан Крас, Расим Рамазанов, Стив Рајх/Д. Боукоувалас и од македонските композитори Бете Илин и Дамјан Темков.

Марија Вршкова, од Битола, дипломирала на ФМУ во Скопје со највисока оценка на универзитет „cum lauda“ во класата на проф. Т. Светиев, каде и ги завршува магистерските студии по пијано. Добитник е на повеќе награди во поранешна Југославија, а најзначајна и е наградата Трети ноември на меѓународниот натпревар на млади пијанисти во Рим. Вршкова има посебен афинитет кон современата музика, совладувајќи ги најновите пијанистички техники. Моментно работи како вонреден професор на ФМУ Скопје.

Весна Ангелова Христов, дипломира на ФМУ Скопје во класата на проф. Борис Романов. Магистрирала на интерпретација на пијано на ФМУ под менторство на реномираната пијанистка Рита Кинка. Добитник е на бројни државни и меѓународни награди.Нејзиниот афинитет кон камерната музика ја води кон оформување на пијано трио и пијано дуо, а најчесто настапувала со виолинисти, поддржувајќи млади музичари. Моментно работи како професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ„Илија Николоски – Луј“ во Скопје.

Петар Макариевски, во 2001 година дипломирал на ФМУ Скопје во класата на проф. Јасминка Чакар.Од 2001 до 2003 посетува магистерски студии во Софија, а од 2011 година добива асистентско место на Државниот универзитет во Атланта, САД и паралелно завршува магистерски студии кај проф. Серѓо Гало. Додека престојува во САД активно реализира концерти и работи како хонорарен пијано соработник на универзитетот. Во 2005 г. со Весна Ангелова го формираат камерното дуо пијано. Од 2019 година е уметнички соработник пијанист на ФДУ во Скопје. ир/лв/

 

Фото: Филхармонија

Остани поврзан