• петок, 23 август 2024

Камен-темелник за изградба на спортска сала во општина Петровец, на настанот ќе присуствува премиерот Мицкоски

Камен-темелник за изградба на спортска сала во општина Петровец, на настанот ќе присуствува премиерот Мицкоски

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен-темелник за изградба на спортска сала во населеното место Огњанци во општина Петровец.

Како што информира владината прес-служба, салата ќе биде со димензии 25 метри на 21 метар, а за неа ќе бидат вложени 12.000.000 денари обезбедени од Министерството за образование и наука и 6.000.000 денари од општинскиот буџет. Рокот на изведба е пет месеци. мд/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан