• вторник, 24 декември 2024

Камбоџа праќа експерти за деминирање да обучуваат Украинци

Камбоџа праќа експерти за деминирање да обучуваат Украинци
Киев, 3 ноември 2022 (МИА) - Експерти за деминирање од Камбоџа ќе обучуваат украински воени инженери. Премиерот на Камбоџа, Хун Сен информираше дека ќе испрати специјалци во Украина во соработка со Јапонија. Генералниот директор на Центарот за деминирање на Камбоџа, Хенг Ратана појасни дека неговата агенција ќе ја испрати првата група во Украина во почетокот на декември, а втората може да биде испратена во првиот квартал од 2023 година. Камбоџа во светот е позната како една од земјите со најмногу мини, по речиси 30 години војна што заврши во 1998 година. Оттогаш се пронајдени и уништени голем број мини, како и други неексплодирани  средства, што значително го намали бројот на жртви. бд/зш/

Остани поврзан