Калас шокирана од убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
- Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас изјави дека е „шокирана“ од убиството на двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон.
Брисел, 22 мај 2025 (МИА) – Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас изјави дека е „шокирана“ од убиството на двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон.
- Нема и не треба да има место во нашите општества за омраза, екстремизам или антисемитизам. Го изразувам моето сочувство до семејствата на жртвите и народот на Израел, напиша Калас на Х.
Јарон Лишински и Сара Милграм, вработени во израелската амбасада во Вашингтон, беа застрелани во центарот на главниот град на САД. Тие беа убиени додека излегувале од настан во Еврејскиот музеј во Вашингтон. јт/