• сабота, 23 ноември 2024

Како се смени цената на фудбалерите по пандемијата (статистика)

Како се смени цената на фудбалерите по пандемијата (статистика)
Париз, 1 јуни 2020 (МИА) - Меѓународната компанија КПМГ спроведе студија за трансферните износи на голем број врвни играчи по влијанието на кризата од КОВИД-19. Студијата вклучува играчи кои учествуваат во лиги што ја завршија сезоната, т.е. Белгија, Шкотска и Франција и играчи во лиги кои планираат да продолжат со натпреварите, иако зад затворени врати - Италија, Шпанија, Германија и Англија. Вредноста за секој поединечен играч опадна за 26,5 отсто на суспендираните првенства и за 17,7% во земјите каде ќе се игра сезоната. „КМПГ“ ја става sвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе на врвот. Тој се проценува на 177 милиони евра. Пред пандемијата, таа беше 225 милиони евра. Цената на Мбапе се очекува да биде уште пониска во летото 2021 година. Втор е неговиот соиграч Нејмар, кој е вреден 137 милиони. Пред неколку месеци, чинеше 175 милиони. Трет е Рахим Стерлинг - 129 милиони евра (претходно 150 милиони). Најдобрите 5 ги комплетира Лионел Меси со 127 милиони (175 милиони) и Мохамед Салах - 124 милиони (155 милиони). Интересно е што португалската sвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо не е присутна во студијата. Подолу можете да го видите целиот ранг, кој вклучува вкупно 20 играчи:

Тагови

Остани поврзан