• понеделник, 23 декември 2024

Казни за 86 возачи за пребрзо возење во полошкиот регион

Казни за 86 возачи за пребрзо возење во полошкиот регион
Тетово, 4 септември 2021 (МИА) – Во текот на денешниот ден полицајците во полошкиот регион изрекле 86 казни во рамки на засилената акциска контрола при проверката со колква брзина се управуваат возилата. За движење со возило со брзина поголема од препишаната 54 санкции се изречени на територија на Тетово, а 32 на територија на Гостивар. - Од вкупно санкционирани 86 возачи, 22 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а двајца со дури над 70 километри на час над дозволеното. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. ас/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан