• среда, 25 декември 2024

Казни за 199 возачи во Скопје, 32 за брзо возење, 16 без возачка

Казни за 199 возачи во Скопје, 32 за брзо возење, 16 без возачка
Скопје, 26 март 2021 (МИА) - Во рамки на засилените сообраќајни контроли вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32, 16 санкции за возење без возачка дозвола и девет за технички неисправни и нерегистрирани возила. Од МВР денеска соопштија дека се изречени и 13 санкции за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за непочитување на првенство на минување, седум за некористење сигурносен појас и 68 за непрописно паркирани возила. Најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. цр/дма/

Остани поврзан