Казни за 113 возачи на мотоцикли на територијата на цела држава
- Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што с

Скопје, 2 јули 2021 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 113 возачи.
- Од нив, 73 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 38 возачи се исклучени од сообраќај, 26 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци, соопштија денеска од МВР.
Засилените акциски контроли, најавија од МВР, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. цр/са/