• понеделник, 23 декември 2024

Казни за 110 возачи кои пречекориле брзина при возење во полошкиот регион

Казни за 110 возачи кои пречекориле брзина при возење во полошкиот регион

Тетово, 5 септември 2021 (МИА)- Тетовската полиција денеска санкционираше 110 возачи кои управувале возила со брзина над дозволената. Засилената акциска контрола беше спроведена од 13 до 19 часот. 

д нив, 53 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а 10 со дури над 70 километри на час над дозволеното. 90 санкции се изречени на територија на Тетово, а 20 на територија на Гостивар. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. ас/бк/

Остани поврзан