• вторник, 24 декември 2024

Казнети 61 возач на мотоцикли

Казнети 61 возач на мотоцикли
Скопје, 24 август 2022 (МИА) - Полицијата во текот на вчерашниот ден, во периодот од 19:00 до 00:00 часот, во спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, санкционираше 61 возач. - Од нив, 38 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 15 возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, соопшти МВР. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/сп/ Фото:МИА архива

Остани поврзан