Казнети 542 возачи за брзо возење
- Од нив 39 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, a седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 325 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 217 надвор од населено место, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Скопје, 9 јануари 2024 (МИА) - Во сообраќајна контрола вчера на територијата на државава казнети се 542 возачи за брзо возење.
- Од нив 39 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, a седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 325 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 217 надвор од населено место, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. дма/са/
Фото:МИА архива