• среда, 25 декември 2024

Казнети 17 возачи за пребрзо возење во Тетовско

Казнети 17 возачи за пребрзо возење во Тетовско

Тетово, 4 март 2023 (МИА) - СВР Тетово информира дека вчера од 8 до 20 часот била реализирана уште една од серијата контроли, во која се откриени и санкционирани 17 пречекорувања на максимално дозволената брзина, од нив 11 во тетовско и шест во гостиварско подрачје надвор од населено место.

Едно од пречекорувањата во тетовскиот регион било за повеќе од 70 километри на час.-СВР Тетово со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот во и надвор од населено место и да придонесат за поголема безбедност на патиштата и улиците на тетовско-гостиварскоподрачје. Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуираните контроли на брзината со која се движат возилата во поширокиот Полошки регион, порача портпаролот Марјан Јосифоски.Во акциската контрола санкционирани се и осум надминувања на пропишаната брзина во населено место за 50 километри на час. Во рамките на контролата констатирани и со соодветни поднесоци биле заокружени и 73 други видови сообраќајни прекршоци од кои 39 во тетовско и 34 на гостиварското подрачје. ас/дма/

Остани поврзан