• сабота, 23 ноември 2024

Казнети 106 возачи на територијата на СВР Струмица

Казнети 106 возачи на територијата на СВР Струмица
Скопје, 11 февруари 2023 (МИА) - Казнети се 106 возачи денеска во периодот од 11.00 до 16.00 часот во спроведената акциска контрола на територијата на СВР Струмиц од Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при одделот за униформирана полиција, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
 
При контролата, информираа од МВР, 37 возачи се санкционирани за возење без возачка дозвола, 17 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), шест возачи кои вршат јавен превоз на патници, изречени се седум барања за поведување прекршочна постапка за правни лица, четири санкции за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, а четири за моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
 
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/

Остани поврзан