• среда, 25 декември 2024

„Кажи не на дрогата, да на животот“, превентивни активности на МВР

„Кажи не на дрогата, да на животот“, превентивни активности на МВР

Скопје, 2 ноември 2023 (МИА) - Во рамки на редовните и плански организирани превентивни активности вчера на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Охрид, Штип и Куманово, полициски службеници од овие сектори за внатрешни работи реализирале едукативни работилници со ученици од повеќе образовни институции на подрачјата на овие организациони единици на МВР.

Како што соопштија денеска од МВР, во средните училишта во Прилеп „Орде Чопела“ и во Крушево „Наум Наумовски Борче“  се одржале едукативни работилници посветени на врсничкото насилство и едукативно предавање на темата „Кажи не на дрогата, да на животот“. Во охридското основно училиште „Христо Узунов“ е реализиран превентивно-едукативниот проект посветен на појавата на врсничко насилство. Исто така, за средношколците од штипското средно училиште „Јане Сандански“ е одржана едукативна работилница „Кажи не на дрогата, да на животот“, а за учениците од основното училиште „Свети Јоаким Крчовски“ работилница посветена на превенција од врсничко насилство.  

Инаку вчера, покрај овие активности, на подрачјето на СВР Битола полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во централното подрачје на Битола реализирале превентивни активност во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот „Не користи алкохол кога возиш“, а полициски службеници од Полициското одделение Новаци, реализирале превентивна активност на подрачјето на Новаци во делот на заштитата од кражби и измами на граѓаните. цр/дма/

Фото:МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан