• петок, 23 август 2024

Кадетите загубија од Естонија

Кадетите загубија од Естонија

Скопје, 12 август 2024 (МИА) - Македонија загуби од Естонија со убедливи 76:57 на Европското првенство Б-дивизија за кошаркари до 16 години кое се одржува во Скопје.

Денешниот ривал беше поквалитетен и заслужено стигна до победата, а нашите кадети парираа само во првата четвртина.

Најефикасни во нашите редови беа Цветаноски со 11 и Ефтимовски со 10, додека за Естонците Стен Адамсон уфрли 23 поени.

Со овој триумф Естонија избива на лидерската позиција со шест бода како единствена репрезентација со максимални три победи, додека Македонија со две победи и еден пораз е третопласирана, ист учинок на втората позиција има и Шведска.

Утре македонските кошаркари ги чека натпревар против Австрија која е последна во групата.

За пласман во четвртфиналето на нашите кадети неопходна им е победа, но и Естонците да слават во својот последен меч против Шведска. По таков исход, Естонија би била прва, а Македонија втора во оваа група. дс

Фото: КФСМ

Остани поврзан