• вторник, 21 април 2026

Кавадарчанец лишен од слобода по пријава за физички напад врз неговиот 74-годишен татко

Кавадарчанец лишен од слобода по пријава за физички напад врз неговиот 74-годишен татко

Кавадарци, 29 март 2026 (МИА) - Кавадарчанец бил лишен од слобода, по пријава во полиција за закани и физички напад врз неговиот татко, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Полициски службеници од ОВР - Кавадарци во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода С.Ј., 48-годишен кавадарчанец, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 74-годишен татко и му се заканувал. С.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР - Велес. бд/вг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан