Кавадарци следна база на македонските одбојкари
- Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска во салата „Јане Сандански“ го одржува последниот тренинг во Скопје по што ќе се пресели во Кавадарци каде ќе одигра контролни натпревари против Израел и Јапонија пред претстојниот старт на Европското првенство.
Скопје, 8 август 2023 (МИА) – Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска во салата „Јане Сандански“ го одржува последниот тренинг во Скопје по што ќе се пресели во Кавадарци каде ќе одигра контролни натпревари против Израел и Јапонија пред претстојниот старт на Европското првенство.
Во салата „Јасмин“ од четврток до недела, љубителите на одбојката ќе имаат можност да гледаат по еден натпревар дневно, а македонската репрезентација ќе одигра три во четирите денови на овој контролен турнир.
Македонските одбојкари в четврток ќе играат против Израел со почеток од 20 часот, по што следува делот против Јапонија во истиот термин в петок и реваншот против јапонската репрезентација в недела, исто така, од 20 часот.
Овие контролни средби ќе бидат значајни за македонскиот национален тим да ја подобри формата пред настапот на третиот континентален собир за нас – Европското првенство во Скопје од 30 август до 6 септември, соопшти Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ). ег/вг/
Фото: ОФМ