• четврток, 26 декември 2024

Кавадарци доби награда за проектот за агрометеоролошки станици

Кавадарци доби награда за проектот за агрометеоролошки станици

Кавадарци, 19 април 2024 (МИА) – Општина Кавадарци доби награда за проектот за агрометеоролошки станици, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

– Претставници од општина Кавадарци присуствуваа на генералното собрание на НАЛАС – Мрежата на асоцијации на локалните самоуправи на Југоисточна Европа, кое се одржа во Бар, Република Црна Гора. Таму ја подигнаа наградата што ја добивме за проектот на Општина Кавадарци, „Практики за одржливо земјоделство“ (Иницијативи за промовирање на одржливи практики во рамките на секторот за земјоделски и рурален развој, вклучувајќи го и усвојувањето на зелените земјоделски техники и одржливите туристички практики, како што се земјоделскиот туризам и фармите), со поставување на 18 агрометеоролошки станици за рана детекција на болести на винова лоза, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму појаснија дека проектот е избран од страна на Комисијата за оценување за освојување на наградата „Зелени шампиони“ за Западен Балкан, во категоријата „Иновации и креативност во решавањето на еколошките предизвици – загадувањето“. свд/ир

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев

Остани поврзан