• четврток, 26 декември 2024

Кавадарци гради велосипедско-пешачка патека од Глишиќ кон Марена

Кавадарци гради велосипедско-пешачка патека од Глишиќ кон Марена

Кавадарци, 25 ноември 2024 (МИА) - Општина Кавадарци гради велосипедско-пешачка патека од приградската населба Глишиќ кон село Марена, излегувајќи во пресрет на велосипедистите и сите љубители на пешачењето, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.  

- Интензивно се работи на новата велосипедско-пешачка патека Глишиќ – Марена во должина од 854 метри. Инвестицијата од 10.000.000 денари е на Општина Кавадарци, а изведувач на работите е фирмата Градба промет, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму нагласија дека Локална самоуправа Кавадарци  подеднакво води грижа за сите жители на кавадаречка територија и излегува во пресрет на нивните желби и потреби. свд/хс/ 


Фото : Општина Кавадарци 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан