Кавадаречки ,,Комуналец" ќе постави контејнери за смет за викендичките во Брушанско и Ресавско близу Тиквешко Езеро
- Јавното претпријатие ,,Комуналец" од Кавадарци денеска упати јавно известување до сопствениците на викендици во Брушанска и Ресавска област, дека ќе бидат поставени околу десетина контејнери од 1,1 кубни метри, на локации пристапни за возилата на ,,Комуналец" и ќе бидат наменети само за комунален отпад, со што овој дел ќе биде опфатен со услугата износ на смет.
Кавадарци, 23 февруари 2023 (МИА) - Јавното претпријатие ,,Комуналец" од Кавадарци денеска упати јавно известување до сопствениците на викендици во Брушанска и Ресавска област, дека ќе бидат поставени околу десетина контејнери од 1,1 кубни метри, на локации пристапни за возилата на
,,Комуналец" и ќе бидат наменети само за комунален отпад, со што овој дел ќе биде опфатен со услугата износ на смет.
- Контејнерите ќе се празнат два пати неделно во деновите среда и сабота, додека за отпад од градење, рушење, земја, кабаст отпад и слично, ќе можат да се користат контејнерите од пет кубни метри, поставени на местото викано ,,Шамаци" и кај браната на ХЕЦ ,,Тиквеш". Во случај на поголема количина на отпад, граѓаните слободно можат да депонираат на депонија ,,Мелци", се вели во известувањето.
ЈП ,,Комуналец" Кавадарци, се додава во соопштението, продолжува со собирање на смет од сите реони и од областите каде досега не се вршеше услугата, се со цел за почист град и почиста и здрава животна средина. свд/дма/
Фото: ,,Комуналец"