• вторник, 27 август 2024

Кавадаречките пожарникари на обука во Марибор

Кавадаречките пожарникари на обука во Марибор

Кавадарци, 21 јуни 2023 (МИА) - Кавадаречките пожарникари се наоѓаат на обука во Марибор, информираа од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци.  

- Во текот на денешниот ден, нашите пожарникари во Република Словенија имаа обука на тема, „Основни тактики за опасни супстанции и хемиски средства“. Презентирана беше процедурата PIRS. Презентирани беа основите на работата на пожарникар при интервенција со Н.С. опрема за опасни материи, лична заштитна опрема и основна опрема за работа со опасни материи. Претставена беше основната опрема за работа со опасни материи. Се прикажуваше опремувањето со сите четири типа на противпожарна заштита на NS. Претставена беше основната опрема за заптивање и пумпање со НС., - импровизирано испумпување со рачна и пневматска пумпа, соопштија од Противпожарната служба.

Оттаму додадоа дека обуката содржела и имплементација на мала комплексна вежба со опасни материи, односно истекување на мазут.  

- Се користеа второ ниво на заштита, импровизирани методи на запечатување, како и работа со рачни и пневматски пумпи. По завршување на обуката, нашите пожарникари посетија неколку доброволни противпожарни друштва, каде од страна на домаќините им беше презентирана опремата, како и начинот на кој интервенираат и координираат со професионалните пожарникари од бригадата, појаснија од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци. свд/бд/

Фото: Територијална противпожарна единица Кавадарци

Остани поврзан