• понеделник, 23 декември 2024

Кабинетот на Рама ја објави агендата на Самитот на Берлинскиот процес

Кабинетот на Рама ја објави агендата на Самитот на Берлинскиот процес

Тирана, 15 октомври 2023 (МИА) - Самитот на Берлинскиот процес, кој се одржува за првпат во регионот, поточно утре во Тирана, ќе ги собере сите лидери на балканските земји, земјите - членки на Европската унија и највисоките претставници на ЕУ.

Прес-службата на албанскиот премиер Еди Рама, ја објави целосната агенда на овој Самит, прв во регионот на Западен Балкан, во земја која не е членка на ЕУ.

-Во 11 часот ќе биде пречекот за лидерите, а по половина час, во 11:30 часот е отворањето. Во 12:00 часот започнува работната сесија „Интеграција на регионот на заедничкиот европски пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ“, а во 13:30 фамилијарна фотографија. Во 15:30 започнува втората работна сесија за поддршка на зелената и дигиталната транзиција во Западен Балкан, наведуваат под кабинетот на Рама.

Додаваат дека во 16:45 часот во Тирана свечено ќе биде отворен колеџот на Европа, со присуство на реткорката Федерика Могерини.

-Во 17:30 часот ќе биде потпишан регионалниот договор за меѓусебно признавање на професионалната квалификација, 17:45 часот е заедничката прес-конференција, а во 18:30 инаугурација на реконструираниот објект „пирамидата“,  наведуваат под кабинетот на Рама.

Попладнево во Тирана ќе допатува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која, како што е најавено ќе оствари средба со шефот на државата Бајрам Бегај.

Според медиумите, на самитот нема да присуствува италијанската премиерка Џорџа Мелони, како и српскиот претседател Александар Вучиќ, но е потврдено присуството на премиерката Ана Брнабиќ.

Како што информираа надлежните, за безбедноста ќе бидат ангажирани над 1600 полициски службеници и 400 гардисти. Почнувајќи од вечер во 20 часот до утре во 20 часот, воведен посебен сообрајќаен режим. вт/рп/

Остани поврзан