• сабота, 23 ноември 2024

И филмската индустрија во Кина запре поради коронавирусот

И филмската индустрија во Кина запре поради коронавирусот
Пекинг, 1 февруари 2020 (МИА) - Комитетот за кинематографија на Федерацијата на јавните радиодифузни сервиси во Кина забрани снимање на какви било филмови и телевизиски серии во целата земја поради епидемијата на коронавирусот (2019-nCoV). - Додека трае борбата против коронавирусот сите компании и работни групи, кои учествуваат во снимање на филмови и телевизиски серии, како и актерите во нив, треба времено да ја прекинат работата согласно наредбата на Владата, се наведува во соопштението. Комитетот за кинематографија нагласи дека доколку некоја филмска компанија го прекрши правилото ќе биде казнета согласно законот.  гт/

Остани поврзан