Иџе: Трократен европски шампион за мојата Македонија
- Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе ја освои третата титула во Европскиот шампионат за ридско-планински трки.

Бузет, 17 септември 2023 (МИА) - Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе ја освои третата титула во Европскиот шампионат за ридско-планински трки.
Стефановски денес беше најбрз на двете трки во Бузет, Хрватска.
- Трократен Европски Шампион за мојата Македонија, за мојот народ. Бидете горди,испишавме нова историја!!! – стои во објавата на Стефановски на социјалните мрежи.
Претходно Македонецот беше шампион во 2014 и 2015 година. зс/
Фото: Фејсбук