• среда, 25 декември 2024

Ишингер: МСЦ ќе се фокусира на обнова на трансатлантското партнерство

Ишингер: МСЦ ќе се фокусира на обнова на трансатлантското партнерство
Минхен, 19 февруари 2021 (МИА) - Мултилатерализмот и отвореноста се единствената шанса за успешно соочување со сите тековни предизвици, изјави денеска премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Седер, на почетокот на специјалното издание на Конференцијата за безбедност во Минхен (МСЦ). - Ако постои меѓународен јазик, тогаш тоа е наука која соработува преку границите, а соработката и заедништвото треба да бидат и мотото на овој собир, рече тој. Претседателот на МСЦ Волфганг Ишингер рече дека минатата година конференцијата се одржа на тема за недостатоците на Западот, односно сè помалку западни принципи во Европа. - Ако денес ја погледнеме Европа, гледаме дека и натаму сме опкружени со огнен прстен на конфликт. Ривалството на големите сили повторно се набљудува и нашата институционална рамка е загрозена, нагласи Ишингер. Тој рече дека годинашниот собир ќе се фокусира на иднината и прашањето како трансатлантското партнерство може да се обнови и реформира.  Светските лидери, како францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џо Бајден, германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Борис Џонсон, генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот на Светската здравствена организација Тедрос Адана Гебрејесус, како и Бил Гејтс ќе разговараат за обновување на трансатлантската соработка и соочување со глобалните предизвици. Како што е наведено во соопштението, Бајден е првиот претседател на САД кој ќе се обрати на Конференцијата за безбедност во Минхен. МСЦ, исто така, наведува дека овој специјален собир не ја заменува годишната конференција, како и дека ќе обезбеди насоки за дебатите во Минхен, што ќе се водат на конференцијата, и кои ќе се одржат веднаш штом ќе дозволи епидемиолошката состојба. паг/  

Остани поврзан