• понеделник, 16 декември 2024

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина

Рим, 5 мај 2024 (МИА) - Италија останува на ставот дека нејзините сили нема да се мешаат во вооружениот конфликт во Украина, бидејќи во случај на натамошна ескалација, Рим би изгубил многу, изјави синоќа италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето.

Во интервју за „Кориере дела сера“ тој истакна дека смета оти на Украина требало да и се помогне да избегне конфликт преку дипломатија и дијалог.

„Нашиот став не се менува, секогаш сме велеле дека треба да и се помогне на Украина и тоа го правиме, но ја исклучуваме можноста за директна интервенција на нашата армија во конфликтот“, рече Кросето. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан