• вторник, 24 декември 2024

Италија, најверојатно, без Верати на ЕП

Италија, најверојатно, без Верати на ЕП
Рим, 11 мај 2021 (МИА) – Играчот за врска на италијанската фудбалска репрезентација и на ПСЖ, Марко Верати (28) ги повреди лигаментите на десното колено, поради што неговиот настап на претстојното Европско првенство е крајно неизвесен. Верати, како што соопшти неговиот клуб, се повреди на тренинг, а според прогнозите на лекарите, ќе паузира меѓу четири и шест недели. Италијанскиот играч од средниот ред сезонава поради повреди и Ковид-19 често беше надвор од теренот и одигра само 31 натпревари во дресот на ПСЖ, а сега му претстои нова пауза. По елиминацијата во полуфиналето на Лигата на шампиони, ПСЖ е второпласиран во француското првенство со три бодови помалку од лидерот Лил на две кола до крајот на сезоната. Европското првенство започнува на 11 јуни со мечот меѓу Италија и Турција на стадионот „Олимпико“ во Рим. ег/

Остани поврзан