Италија: Можно воведување нови санкции против Русија
- - Клучно е да се засили притисокот врз Путин за да го натераме да започне преговори. Мора да ги искористиме сите инструменти со кои располагаме за да му го отежнеме финансирањето на неговата воена машинерија. Тоа вклучува и нови санкции, нагласи Тајани.
Рим, 11 септември 2025 (МИА) – Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска, во Горниот дом на Парламентот, изјави дека можеби ќе бидат потребни нови санкции против Русија за да се принуди претседателот Владимир Путин да седне на преговарачка маса и да се стави крај на конфликтот во Украина.
- Клучно е да се засили притисокот врз Путин за да го натераме да започне преговори. Мора да ги искористиме сите инструменти со кои располагаме за да му го отежнеме финансирањето на неговата воена машинерија. Тоа вклучува и нови санкции, нагласи Тајани. ссм/
фото: архива