• среда, 27 ноември 2024

Италија и Германија: Заеднички напори за крај на војната во Украина

Италија и Германија: Заеднички напори за крај на војната во Украина

Берлин, 27 септември 2024 (МИА) - Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска изјави дека мирот не значи потчинување, зборувајќи за напорите за завршување на конфликтот во Украина. Оваа изјава Матарела ја даде за време на заедничката прес-конференција со германскиот колега Франк-Валтер Штајнмајер во Берлин, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

- Нашата желба е да се стави крај на неразумните руски дејства во Украина, но мирот не значи потчинување, ниту игнорирање на принципите за зачувување на достоинството на секоја држава и на меѓународното право,потенцираше Матарела.

Штајнмајер најави дека заедно со Матарела в недела ќе присуствуваат на комеморацијата во Марцабото во чест на жртвите на нацистичкото масовно убиство за време на Втората светска војна. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан