• сабота, 23 ноември 2024

Италија даде зелено светло за изградба на мост кој ќе го поврзува копното со Сицилија

Италија даде зелено светло за изградба на мост кој ќе го поврзува копното со Сицилија

Рим, 25 мај 2023 (МИА) - Италијанскиот Сенат доцна синоќа даде конечно одобрение за изградба на мост на теснецот Месина што ја поврзува Сицилија со копното на таа земја.

- Тоа е историска одлука, конечна, на која се чекаше повеќе од 50 години, рече Матео Салвини, италијански министер за инфраструктура.

Висечкиот мост ќе биде отпорен на ветер и земјотреси, со централен распон од 3,2 до 3,3 километри и висина од 63 метри.

„Колосалниот мост ќе отвори 100.000 работни места и ќе биде еколошко прифатливо здание, рече министерот Салвини.

Десничарската влада предводена од премиерката Џорџа Мелони го оживеа проектот откако многу влади во минатото си поигруваа со идејата, но никогаш не тргнаа на терен. ссм/

фото: Гугл мапи

Остани поврзан