• четврток, 19 март 2026

Италија ги намалува даноците на горивата додека цените растат поради војната на Блискиот Исток

Италија ги намалува даноците на горивата додека цените растат поради војната на Блискиот Исток

Рим, 19 март 2026 (МИА) - Италијанската влада донесе уредба за намалување на даноците на бензинот и дизелот како одговор на наглиот раст на цените на горивата по избувнувањето на војната на Блискиот Исток.

Мерката, која денеска стапува во сила и ќе се применува во следните 20 дена, се очекува веднаш да ги намали цените за речиси 0,25 евра (0,29 долари) за литар, соопшти владата во Рим.

Уредбата вклучува и мерка за „антишпекулација“ насочена кон одржување на цените на горивата на бензинските пумпи под контрола.

По синоќешниот состанок на кабинетот, владата го опиша намалувањето на данокот како „привремена и вонредна мерка“. јт/

Фото: Мелони на Фејсбук 

Остани поврзан