• петок, 08 ноември 2024

Италијански нуркачи откриле остатоци од брод од периодот на ренесансата

Италијански нуркачи откриле остатоци од брод од периодот на ренесансата
Џенова, 20 јуни 2020 (МИА) - Италијански нуркачи пронашле остатоци од брод од периодот на ренесансата, на длабочина од околу 50 метри во близина на брегот на Лигурија, кај Портофино во близина на Џенова. Италијанските медиуми ја опишаа веста како многу важна, бидејќи за првпат е пронајден потонат брод од тој период. Експертите работат на идентификација на бродот, но претпоставуваат дека станува збор за бродот „Санто спирито“ од 16 век. јт/

Остани поврзан