• недела, 28 јули 2024

Исчистен патот од Делчево до граничниот премин со Република Бугарија

Исчистен патот од Делчево до граничниот премин со Република Бугарија
Делчево, 14 февруари 2021 (МИА) - Исчистен патот до граничниот премин Делчево. Од утрово екипи на „Македонија Пат“ интензивно работат на расчистување на патот на потегот од Делчево до граничниот премин со Република Бугарија. Одоговорните на делчевската подружница информираа дека  за подобрување на состојбата на патиштата во делчевскиот регион се фрлени 100 тони сол.
- Од останатите патни правци во Пијанечко-малешевскиот регион, се чисти и на потегот до брана Калиманци, како и регионалниот пат Делчево - Пехчево - Берово. Поради тоа што снегот продолжува да паѓа, акциите ќе продолжат во текот на денот, посочуваат од подружницата на „Македонија Пат“.
Оттаму потенцираат дека паралелно се работеше и на расчистување на снегот долж булеварот во Делчево. Воедно, од Општина Делчево истакнуваат дека механизација на комуналното претпријатие од утрово работи на расчистување на снегот во повисоките делови на градот.
Поради снежните врнежи и наноси надлежните апелираат на внимателно возење и задолжително поседување на зимска опрема во возилата. вс/фф/

Остани поврзан