• четврток, 26 декември 2024

Исчистени 20 тони отпад од општина Кисела Вода

Исчистени 20 тони отпад од општина Кисела Вода

Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - Вкупно 20 тони отпад се собрани во заедничката акција на службите на Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје.

Како што информира Општина Кисела Вода, од утрото триесетина сезонски работници го собираа  комуналниот и кабастиот отпад во сите месни и урбани заедници. Со четири камиони насобраниот отпад потоа повеќе пати се носеше на „Дрисла“. 

-Континуитетот на подигнување на хигиената во општина Кисела Вода продолжува и во периодот што следи. Апелираме до сите наши жители за совесно однесување, посебно во делот на правилното одложување на отпадот. Грижата и одговорноста за средината во која живееме треба и мора да биде заедничка, се наведува во соопштението од Општина Кисела Вода. мд/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан