• понеделник, 23 декември 2024

Истражување: 23 отсто од Германците мислат дека земјата е на пат кон диктатура

Истражување: 23 отсто од Германците мислат дека земјата е на пат кон диктатура
Берлин, 6 февруари 2022 (МИА) - Истражувањето спроведено во Германија покажа дека довербата во демократијата во земјата е намалена и дека 23 отсто од граѓаните сметаат дека земјата е на пат кон диктатура, јави Анадолија. Анкетата спроведена од Институтот ИНСА покажа дека довербата во владата ослабела за време на пандемијата Ковид-19, пишува германскиот весник „Велт ам Зонтаг“. Беше посочено дека некои размислуваат дури и да ја напуштат државата, а 23 отсто од граѓаните сметаат дека Германија е на пат кон диктатура. Извршниот директор на INSA Херман Бинкерт прецизираше дека 20 отсто од оние што живеат на запад и 30 отсто од оние што живеат на исток на земјата веруваат дека демократијата е загрозена. ссм/

Остани поврзан