• сабота, 23 ноември 2024

Истражување: Речиси 50 отсто од Американките изневерени во пандемијата

Истражување: Речиси 50 отсто од Американките изневерени во пандемијата
Лос Анџелес, 18 август 2020 (МИА) - Безмалку 50 насто од жените во САД биле изневерени од партнерот за време на пандемијата на коронавирусот, посочуваа едно неодамнешно испитување. Податоците ги објави интернет-страницата dating.com и во анкетата учествувале 2.000 луѓе. Прашањето било - дали биле изневерени во периодот од март, за време на карантинот, па до денес? Дури 55 проценти одговориле потврдно. Според полот, 45 отсто се жени, а 15 отсто се мажи. Во однос на причините за неверство, една третина велат дека биле измамени затоа што нивниот партнер /-ка почувствувал /-а стари искри со својот поранешен /-на, додека 20 насто од испитаниците рекле дека тоа се случило со нов познаник /-чка. Марија Саливан, ко-сопственичка на dating.com, смета дека карантинот е одличен тест за паровите. Некои ја зајакнуваат врската и се запознаваат уште подобро, додека некои сфаќаат дека не се еден за друг. Истражувањата покажуваат дека многумина се обратиле на интернет-страници за средби и запознавања во овој така тежок и предизвикувачки период. Двајца психолози од Универзитетот во Тенеси, исто така, неодамна објавија труд околу тоа дека стресот при пандемијата уништува дел од врските. си/сд/

Остани поврзан