• петок, 27 декември 2024

Истражување: Британскиот сој на коронавирусот предизвикува поголема смртност

Истражување: Британскиот сој на коронавирусот предизвикува поголема смртност
Лондон, 10 март 2021 (МИА) - Компаративните анализи потврдија дека е поголема смртноста кај лицата заразени со британскиот сој на коронавирус. Резултатите од истражувањата покажуваат дека смртноста кај инфицираните лица со британскиот сој на Ковид-19 е поголема за 30 проценти. Британскиот сој на коронавирусот има релативно голем број од 23 мутации на генетскиот код , како и поради некои мутации овој сој од 40 до 70 отсто побрзо се пренесува од првата варијанта што ја предизвика пандемијата. ми/

Остани поврзан