Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ бележи 10 години постоење
- Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при Македонската академија на науките и уметностите бележи 10 години постоење.

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при Македонската академија на науките и уметностите бележи 10 години постоење.
По тој повод, како што е најавено, денеска во амфитеатарот на МАНУ ќе се реализираат неколку активности. Предвидени се обраќања на претседателот на МАНУ, Живко Попов и раководителот на ИЦКН „Цветан Грозданов“, Вера Битракова Грозданова. бд/aa/
Фото: МАНУ