• понеделник, 23 декември 2024

Истражители извршија претрес во станот на Џулијани во Њујорк

Истражители извршија претрес во станот на Џулијани во Њујорк
Вашингтон, 28 април 2021 (МИА) - Сојузни истражители денеска во Менхетен исполниле судски налог за претрес на станот на поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, јавија дел од американските медиуми. Според извештаите, истражителите заплениле електронски уреди на Џулијани. Се дознава дека налогот за претрес е поврзан со неговите активности во Украина и можно прекршување на законот за лобирање. Активностите на поранешниот личен адвокат на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се во фокусот на јавноста уште од лани кога започна првиот процес за отповикување на Трамп поради скандалот со Украина. Џулијани исто така беше еден од првите гласноговорници на екс претседателот за ширење невистини за изборите во 2020 година и беше организатор на повеќе обиди на Трамп да се поништат резултатите. Ова беше увертира во вториот процес за импичмент на Трамп, откако тој ја напушти функцијата. Двајца бизнис соработнци на Џулијани се веќе осомничени за прекршување на правилата за финансирање на кампањи и за лажни изјави. Се работи за Лев Парнас и Игор Фруман, обвинети за нелегални транскации со конгресмен кој помогна во остранување на поранешната амбасадорка на САД во Украина. Двајцата се изјаснија дека се невини. Тие всушност биле посредници меѓу Џулијани и поединци од високите врвови на украинската влада. За време на изборната кампања лани, Џулијани бараше компромитирачки материјали за Хантер Бајден, син на тогашниот претседателски кандидат Џо Бајден. Ова се случуаше за време и по наредбата на Трамп да се замрзне воената помош за Украина бидејќи земјата не испорачала во барањата имплицирани од американска страна за компромитирачки материјали за Бајден. Демократите ова го оценија како злоупотреба на функцијата и побараа негово отповикување, Џулијани беше успешен јавен обвинител на Њујорк во 1980-те кога гонеше службеници на Волстрит вмешани во малверзации и кршење на законот а за лично богатење. Потоа, во 1990-те тој служеше два мандата како градоначалник, и остана познат како успешен менаџер на градот по терористичките напади на 11 септември 2001 година. кб/  

Остани поврзан