• вторник, 24 декември 2024

Истрага за инцидентот предизвикан од публиката на ГН на Австралија

Истрага за инцидентот предизвикан од публиката на ГН на Австралија

Сиднеј, 3 април 2023 (МИА) – Организаторите на третата трка сезонава во Формула 1 за Големата награда на Австралија најавија истрага за инцидентот во кој гледачи го пробија обезбедувањето и влегоа на патеката пред самиот крај на трката.

„Можеше да биде ужасно“, рече менаџерот на ГН на Австралија, Ендрју Весткот, ветувајќи темелна истрага за навивачката инвазија на патеката.

Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА), од своја страна, побара објаснување од организаторите, посочувајќи дека инцидентот претставува сериозно кршење на спортскиот кодекс.

Трката ја следеа околу 131.000 гледачи, а дел од нив на крајот од хаотичната трка во која победи актуелниот светски првак Макс Ферстапен, успеаја да стигнат до болидот на германскиот возач на екипата на Хас, Нико Хулкенберг.

„Безбедносни мерки и протоколите кои требаа да бидат на сила за овој настан не беа спроведени, создавајќи опасно опкружување за гледачите, возачите и службеници лица на трката“, соопшти ФИА. ег /сд/

Остани поврзан