• вторник, 24 декември 2024

Историски консултации помеѓу Израел и Германија во областа на националната безбедност

Историски консултации помеѓу Израел и Германија во областа на националната безбедност
Ерусалим, 2 септември 2022 (МИА) - Претставници на националните безбедносни служби на Израел и на Германија денеска првпат се сретнаа во Ерусалим на одржат „историски“ консултации, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Јаир Лапид. На состанокот присуствуваа претставници на германското и израелското Министерство за надворешни работи, советници за национална безбедност, како и генералниот директор на израелското Министерство за одбрана Амир Ешел, директорот на Мосад, директорот на безбедносната служба Шин Бет и нивните германски колеги. - Учесниците разговараа за широк спектар на прашања поврзани со националната безбедност. Претставниците на Израел зборуваа за опасноста што, од гледна точка на Израел, претставува враќање на нуклеарниот договор со Иран. Двете земји се согласија да продолжат да го одржуваат овој дијалог на редовна основа, се наведува во соопштението од кабинетот на Лапид. За новата линија на комуникација се разговараше за време на посетата во март на германскиот канцелар Олаф Шолц на Израел. Целта е „да се воспостави работна рамка за стратешки дијалог меѓу Германија и Израел, што ќе ја подигне соработката меѓу двете земји на повисоко ниво“. ми/

Остани поврзан