• вторник, 24 декември 2024

Историската пивска компанија „Анкор бруинг“ се затвора по 127 години

Историската пивска компанија „Анкор бруинг“ се затвора по 127 години

Сан Франциско, 13 јули 2023 (МИА) - Историската компанија „Анкор бруинг“ (Anchor Brewing) во Сан Франциско, Калифорнија, САД, ќе се затвори и веќе нема да произведува пиво, објавија оттаму вчера. Со тоа се означува крајот на 127-годишното постоење на фирмата којашто ги надмина двете светски војни, големиот земјотрес во 1906 година, како и прохибицијата.

Пиварницата губеше околу 10 милиони долари годишно откако корона-кризата значително влијаеше на нејзината работа, според сегашната компанија-сопственик „Сапоро холдингс Лтд.“

Производството е официјално запрено, но пиварницата ќе работи до крајот на месецот и ќе ги дистрибуира преостанатите залихи.

„Анкор бруинг“ е основана 1896 година, кога Ернст Барут и Ото Шинкел Јуниор купиле сала за правеење пиво и за билијард, во Сан Франциско. Првичната локација изгорела во пожар по земјотресот од 1906 година, но погонот бил преместен и компанијата продолжила со работа.  си/

Фото: Википедија.

Остани поврзан