• среда, 25 декември 2024

Истанбул Башакшехир го врати Арда Туран во Барселона

Истанбул Башакшехир го врати Арда Туран во Барселона
Истанбул, 7 јануари 2019 (МИА) - Истанбул Башакшехир официјално објави дека го прекратиле наемот на Арда Туран на барање на играчот. Така, играчот од средниот ред ќе се врати во екипата на Барселона со која има договор до летото. Сепак, медиумите во Турција се категорични дека враќањето на 32-годишниот фудбалер на „Камп Ноу“ е обична формалност, бидејќи тој се очекува да биде префрлен во локалниот гигант Галатасарај во наредните денови, од каде беше продаден во Атлетико Мадрид во 2011 година. Поранешниот турски репрезентативец пристигна во Истанбул летото 2017 година со двегодишен закуп. Сепак, во овој период тој забележа само 39 натпревари со 2 гола и 4 асистенции на сите турнири. Престојот на Туран во тимот ќе биде запаметен повеќе по редовните скандали, а минатиот септември дури доби казна затвор од 2 години и 8 месеци за нелегално поседување оружје и пукање во болница.

Остани поврзан