• сабота, 23 ноември 2024

Исплатени 58.607.081 денар за произведено и предадено винско грозје кон 4 101 корисник

Исплатени 58.607.081 денар за произведено и предадено винско грозје кон 4 101 корисник

Скопје, 8 август 2024 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Цветан Трипуновски денеска објави дека се исплатени субвенциите за мерка 1.21 дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во износ од 58.607.081 денар кон 4 101 корисник.

-Денес се исплатени субвенции за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во висина од 58.607.081,00 денари кон 4.101 корисник, соопшти Трипуновски.

Како што наведува министерот, грижата за лозарите продолжува и во идниот период.

-Македонија повторно ќе стане препознатлива по производството на вино во регионот, дециден е Трипуновски. мч/нд/

фото: МЗШВ

Остани поврзан