• понеделник, 16 декември 2024

Исланд ќе одржи предвремени парламентарни избори на 30 ноември

Исланд ќе одржи предвремени парламентарни избори на 30 ноември

Рејкјавик, 16 октомври 2024 (МИА) - По распадот на владејачката коалиција, Исланд ќе одржи предвремени парламентарни избори на 30 ноември. Претседателката Хала Томасдотир го прифати предлогот на премиерот Бјарни Бенедиктсон за распуштање на парламентот, објави исландската телевизија RUV. Таа, исто така, се согласи на барањето на Бенедиктсон да се повлече од премиерската функција.

Преодната влада ќе функционира додека не се состави нова. Претходната коалиција се состоеше од либерално-конзервативната Партија на независноста, Прогресивната партија и Лево-зеленото движење, чија улога во преодната влада сè уште е неизвесна.

Бенедиктсон наведе дека разликите околу азилската и енергетската политика биле клучните фактори за распадот на коалицијата.

Редовните парламентарни избори требаше да се одржат во септември следната година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан