• недела, 15 декември 2024

Исказот на мајката на Вања не може да се доведе во поврзаност со кривичните дела, смета дел од одбраната на обвинетите за убиството на Вања и Панче

Исказот на мајката на Вања не може да се доведе во поврзаност со кривичните дела, смета дел од одбраната на обвинетите за убиството на Вања и Панче

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) – Адвокатот Марјан Витановски, бранител на првообвинетиот Љупчо Палевски за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, смета дека денешниот исказ на мајката на Вања, не може да се доведе во поврзаност со конкретните кривични дела кои му се ставаат на товар на Палчо. Додека, адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на таткото на Вања, кој е исто така осомничен во случајот, вели дека со исказот на Зорица Ѓорчевска се расчистиле сите шпекулации. 

- Преку овие докази во никој случај не може да се доведе во поврзаност со конкретните кривични дела. Од исказите на овие оштетени во својство на сведоци, нема ниту еден дел од нивниот исказ кој и упатувал на тоа дека Палевски е сторител на кривично дело. Верувам во својaта одбрана и затоа сум тука. Ние негиравме уште во фаза на истрага. Сега кога сум повеќе запознаен со ова, сметам дека постои можност вака поставеното обвинение, преку тие докази нема можност обвинетиот Љупчо Палевски да биде поврзан со конкретните кривични дела. Фаза по фаза, ќе бидат изведувани тие докази па може да ги анализираме еден по еден, изјави адвокатот Витановски по денешното судење. 

Според бранителот на Александар Ѓорчевски, адвокатот Туфекџиќ, исказот на мајката е многу важен, затоа што, како што рече, конечно се расчистија сите шпекулации и мистерии, тајни кои се провлекуваа во јавноста изминатиов период од откривањето на настанот до денеска. 

- Денеска присуствувавме на еден исказ кој дава логичен след на работите со кои се потврдува теоријата и тезата на одбраната дека Александар нема никаква иноволвираност. Денеска бевте присутни, го слушавте исказот и во таа смисла и самиот сведок не посочи дека Александар направил нешто невообичаено или што нешто што ни било кој обичен и нормален човек не би направил во тој момент, рече тој. 

По однос на прашањето дека Александар дал своја претпоставка дека девојчето е киднапирано, одговори дека поради фактот што тој не можел да си поверува дека неговите деца би избегале од дома, помислил на таа опција. 

- Доколку внимателно го слушнавте сведокот, сведокот многу јасно и децидно појасни, особено на вкрстеното прашање, дека пред сè и таа имала своја теорија дека Вања избегала, дека некој ја прелажал итн. Појасни во која смисла и во која насока таа го разбира неговото толкување, односно неговото мислење дека Вања е киднапирана и појасни во таа насока дека тој не можел да се помири со фактот бидејќи многу им верувал на децата, ако внимателно слушавте, дека неговото дете избегало или некој ја прелажал итн. И затоа неговата теорија била дека тој претпоставува дека нема што друго да биде освен дека е киднапирана, што за мене, но, стекнав чувство и кај самиот сведок, не предизвикала како што и таа самата вели преголемо внимание бидејќи сите биле вознемирени, сите биле насочени кон тоа да го пронајдат детето и да се открие што се случило, рече адвокатот.

Прашан во врска со тоа дека обвинителството рече дека има непобитни докази во смисла на телефонски преписки, одговори дека не се спорни тие преписки.

- Не се воопшто спорни телефонските преписки и јас воопшто тој дел не би го коментирал јавниот обвинител и не сум баш убеден и сигурен дека се однесуваше на мојот клиент затоа што преписката за која вие ја посочувате таа е воопшто неспорна и денеска сведокот ја објасни комуникацијата помеѓу таткото и децата и како што и самите слушнавте како кажа – сакаше тој малку да се прави како паметен и да соли памет и секогаш да дава некакви идеи итн. Во целост денешниот исказ на овој сведок оди во правец на теоријата на случаи на одбраната и спротивно на она што се тврдењата на Јавното обвинителство, рече Туфегџиќ.

Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања Ѓорчевска денеска изјави дека не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка. На расправата за двојното убиство на малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски во Кривичен таа сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и потрагата по неа.

На денешната расправа сведочеа и ќерката на Панче, Ана Киркова, и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков. На прашања на обвинителката Жаклина Лазаревска, Киркови сведочеа за моментот кога увиделе дека Жежовски го нема, пријавата во полиција и неговото пронаоѓање.

Во судот денеска беа присутни обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Судењето поврзано со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски се одложи за 20 септември откако Судечкиот совет при Основен кривичен суд Скопје денеска донесе одлук

Обвинетите на изминатото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни за што дополнително нивната одбрана ќе достави докази.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Расправата продолжува на 16 октомври. ар/ев/
Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан