• среда, 25 декември 2024

ИСВ: Кремљ постојано ги ревидира своите цели во војната во Украина поради неуспехот на бојното поле

ИСВ: Кремљ постојано ги ревидира своите цели во војната во Украина поради неуспехот на бојното поле
Вашингтон, 31 мај 2022 (МИА) – Американскиот Институт за проучување на војната (Institute for the Study of War) објави нова анализа и мапа на судирот во Украина. ИСВ наведува дека има несогласување во руските воени кругови и обвинувања дека Кремљ не прави доволно за да победи во војната. Поранешен офицер на руската Федерална безбедносна служба (ФСБ), Игор Гиркин познат како Стрелков ги осуди изјавите на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров дека приоритет на „специјалната операција“ во Украина е ослободување на Донбас. Гиркин тврди дека „Кремљ се откажал од идеолошката основа на конфликтот фокусирајќи се на конфликтот во Донбас, а не на цела Украина“. Тој истакна дека претставниците на Кремљ повеќе не ја доведуваат во прашање легитимноста на постоење на Украина и оти се заборавени концептите на „денацификација“ и „демилитаризација“. - Несогласувањето на Гиркин е симболично за континуираните промени во круговите на руските воени ентузијасти и поранешни војници. Кремљ постојано ги ревидира своите цели за војната во Украина поради неуспехот на бојното поле, се наведува во извештајот на Институтот. Исто така се посочува дека „Кремљ се повеќе се соочува со незадоволство не само од Русите кои се против војната, туку и од воените и националистичките фигури лути на руските загуби и фрустрирани од променливата воена рамка на Кремљ“. ми/

Остани поврзан