• недела, 02 февруари 2025

ИРУ ќе одржи Конгрес за избор на ново раководство

ИРУ ќе одржи Конгрес за избор на ново раководство
Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) - Во пресрет на 50 години од одржувањето на Првиот Светски конгрес на Ромите, Интернационалната Ромска Унија (ИРУ) денеска преку видео конференциска врска ќе го одржи својот 11-ти Конгрес на кој ќе избира ново раководство. На Конгресот ќе се избира претседател за нов мандат во траење од четири години. Актуелен претседател на ИРУ е Зоран Димов. Во својот состав, Конгресот на ИРУ брои 100 делегати и членови од над 55 држави, од сите континенти.

ако претходница на овој Конгрес ИРУ организираше уште други пет континентални видео конференции со своите делегати и членство од Северна и Јужна Америка, Азија, Африка, Австралија и Европа  во периодот од 22 до 25 јуни 2020 година. За првпат во историјата на ИРУ, покрај членството и делегатите на ИРУ својот глас за повалиден и поширок добиен мандат ќе биде спроведен и со гласање на Ромите од целиот свет преку Веб платформата на ИРУ со гласање преку електронска пошта, се наведува во соопштението на ИРУ.бт/са/

 

Остани поврзан