• понеделник, 23 декември 2024

ИРИ: „Отворен Балкан“ го поддржуваат 75 отсто српски граѓани и 61 отсто македонски граѓани

ИРИ: „Отворен Балкан“ го поддржуваат 75 отсто српски граѓани и 61 отсто македонски граѓани
Белград, 5 јули 2022 (МИА) - Меѓународниот републикански институт (ИРИ), американска организација која промовира демократија и владеење ширум светот, соопшти дека иницијативата „Отворен Балкан“ ја поддржуваат 75 отсто од српските граѓани и 61 отсто од македонските граѓани, јави дописникот на МИА од Белград. Кога станува збор за регионот, отворањето на границите што е предвидено со таа иницијатива значајно ја подржуваат граѓаните на Босна и Херцеговина - 68 отсто и Црна Гора - 66 отсто, како и Косово - 42 отсто, иако овие земји не се вклучени во оваа иницијатива, пренесува Косово онлајн. Според агенцијата ФоНет, која ги пренесе податоците на ИРИ објавени на Твитер, поддршката за отворање на границите и иницијативата „Отворен Балкан“ во земјите од Западен Балкан се: во Србија 75 отсто, во Босна и Херцеговина 68 отсто, во Црна Гора 66 отсто, во Северна Македонија 61 отсто и 42 отсто во Косово. об/хс/

Остани поврзан