• петок, 05 декември 2025

Иран ја осуди израелската агресија врз Либан

Иран ја осуди израелската агресија врз Либан

Техеран, 6 јуни 2025 (МИА) -  Иран денеска ја осуди израелската „агресија“ врз Либан по новите напади на јужните предградија на Бејрут.

- Овие напади претставуваат очигледен чин на агресија против територијалниот интегритет и суверенитет на Либан, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно денеска изјави дека војската ќе продолжи со нападите врз Бејрут доколку Либан не го разоружа Хезболах. Израел вчера, по четврти пат од примирјето, ги нападна јужните предградија на Бејрут, упориште на Хезболах. ссм/

фото: архива

Остани поврзан